На Петровден, 12 јули, во Паркот на Револуцијата, пред мозаикот на светите апостоли Петар и Павле беше осветен и поделен на присутните петровденскиот колач.

Колачот го освети митрополитот Брегалнички, г. Иларион со свештенослужителите од Црковниот храм „Св. великомаченик Ѓорѓи“ од Кочани.

Парчиња од осветениот колач добија многубројни граѓани присутни на верскиот чин. Всушност тоа беше завршница на литијата што се одржува по повод Петровден, патрониот празник на Кочани, кој од 2010 година се прославува и како Празник на Општината.

На осветувањето на колачот присуствуваа и градоначалникот Ратко Димитровски, претставници од Локалната Самоуправа, како и пратеникот во Собранието на Република Македонија, Иван Иванов и членови на Советот.

На настанот му претходеше мал фолклорен концерт, кој под наслов „Петровденско оро“ го приредија членовите на ФА „Кочани“.