Општина Кочани го исплати двомесечниот износ за стипендии за студентите корисници за 2020/21 година.

Според одлуката за доделување стипендии, оваа поддршка од Програмата за образование на Општина Кочани  оваа студиска година ја користат вкупно 24 студенти на државните универзитети, и тоа: студенти кои оствариле успех во текот на студирањето, студенти од ромска етничка припадност, од социјално ранливи семејства и студенти на медицински науки.

Целта на стипендирањето е студентите да се поттикнуваат за постигнување подобри резултати и успех во студирањето, што ќе овозможи и нивна конкурентност на пазарот на трудот.

Стипендиите, чиј месечен износ е 3 илјади денари, се доделуваат за период од десет месеци, од септември до јуни.