По повод двата историски Илиндена, 112 години од Илинденското востание и 71 година од одржувањето на Првото заседание на АСНОМ, општинска делегација положи цвеќе на споменикот на Никола Карев во Паркот на Револуцијата во Кочани.
Поклонувајќи се пред споменикот на Карев, делегацијата која беше составена од претставници на општинската администрација и членови на Советот на Општина Кочани им оддаде почит на сите паднати борци за слободата на Македонија.
Почит на револуционерите по повод големиот македонски празник Илинден оддадоа и делегации од ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ – Кочани.