Земјоделски патишта се градат во катастарските општини Кочани и Оризари, односно во Грдовци, Горни Подлог, Долни Подлог, Мојанци и на неколки локации во Прибачево и во Тркање.
– Целта ни е да ја олесниме работата на земјоделците. Поддршката во подобрувањето на земјоделската инфраструктура во Кочани е една од мерките на единицата на локалната самоуправа со која се создаваат услови за полесна и побезбедна работа на земјоделските производители. Можноста за полесен транспорт ќе придонесе да се намали и палењето на жетвените остатоци. На овој начин помогнеме во надминувањето на проблемите при собирањето на сламата, а со тоа ќе придонесеме зачувување на животната средина – соопшти Николчо Илијев, градоначалник на Општина Кочани.
За изградбата на 14 км земјоделски патишта се наменети 2.419.012 денари од Буџетот на Општина Кочани.