Општина Кочани распиша оглас за организирање Новогодишен базар, по пат на јавно наддавање, настан што ќе се организира во Паркот на Револуцијата, во периодот од 20 декември 2024 до 14 јануари 2025 година.

Комисијата за организирање на Новогодишниот базар ги повикува заинтересираните правни субјекти регистрирани во Централен регистар, да учествуваат на јавното наддавање што ќе се спроведе на 18 ноември 2024 година, во 12 часот во просториите на Општина Кочани. Учесниците на јавното наддавање треба да уплатат 10 % од почетната цена за лицитација до почетокот на самата лицитација. Почетната цена за јавното наддавање изнесува 20 000 ден., со праг на наддавање од минимум 2 000 ден.

Јавното наддавање за организирање на Новогодишниот базар ќе се смета за успешно ако се пријават најмалку двајца учесници.

Обврска на закупецот ќе биде да обезбеди најмалку десет монтажно-демонтажни објекти и штандови изработени од дрво или плексиглас, за продажба на: храна, пијалаци, сувенири, ракотворби и сл. Закупецот има обврска да ги издава монтажно-демонтажните објекти и продажните штандови согласно законските прописи.