Градоначалникот Љупчо Папазов потпиша меморандум за соработка со Здружението за асистивна технологија „Отворете ги прозорците“, со кој Општина Кочани преку основните училишта „Никола Карев“ и „Раде Кратовче“, а со поддршка на ОУ „Малина Попиванова“, ја започнува реализацијата на проектот „Инклузија на деца со посебни образовни потреби“.

Проектот што ќе се реализира со поддршка од Детската фондација „Песталоци“ има за цел да овозможи еднаков пристап до квалитетно образование за децата со посебни образовни потреби, односно инклузија во поширока смисла.

Со овој проект ќе се обезбедат грантови за општините учеснички и за избраните училишта, ќе се градат капацитети и ќе се работи на воспоставување инклузивна клима во образовните институции.

Општина Кочани е една од дванаесетте општини во Република Северна Македонија, која обезбеди тригодишно учество во проектот „Инклузија на деца со посебни образовни потреби“.