Општина Кочани ја распиша 32. објава за отуѓување градежно земјиште во државна сопственост, со која се ставени на продажба десет градежни парцели, од кои четири со намена индивидуално домување, четири за лесна индустрија и две за викенд-куќи на Пониква.
Од парцелите за индивидуално домување две се наоѓаат на „Станбена улица 5“, една на улицата „Сремска“ и една на „13 Македонска бригада“, со површини од 361 до 526 метри квадратни.
Парцелите со намена за лесна индустрија и производство се наоѓаат во месноста Драчевик и се со површина од 1150 до 1471 метри квадратни.
Двете градежни парцели за викендички на Пониква се со површина од 508 и 654 метри квадратни.
Рокот за пријавување за учество во електронското јавно наддавање за градежните парцели за индивидуално домување е до 4 декември 2019 г., а јавното наддавање ќе се одржи на 6 декември. За парцелите со намена за лесна индустрија и производство, рокот за пријавување е до 16 декември, а јавното наддавање е на 18 декември. За парцелите за викенд-куќи рокот е до 24 декември, додека јавното наддавање ќе се одржи на 26 декември.
Почетната цена за сите градежни парцели е 61 денар за метар квадратен.
Целосната објава за продажба на градежно земјиште во државна сопственост е поставена на огласната табла во дворот на општинската зграда и е објавена на веб-страницата на Општина Кочани, www.kocani.gov.mk.