Од петокот, 22 јануари започнаа часовите од основниот курс за практично водење сметководство, примена на даночно законодавство и контрола на финансиски извештаи.
– Курсот е наменет за сите заинтересирани дипломирани економисти, без оглед на возраста и на работното искуство, коишто сакаат да се стекнат со практично знаење од областа на сметководството и даноците. Во текот на обуката учесниците ќе добијат бесплатни консултации и помош во водење на сметководство во нивните деловни субјекти и практична обука на софтвер за водење на сметководство – рече предавачот Васе Коцев, дипломиран менаџер по царина и шпедиција, овластен сметководител од Министерството за финансии.
Во краткиот рок за пријавување беше покажан голем интерес, така што наместо една, се формираа две групи коишто ќе работат во кабинетот по информатика во СОУ „Љупчо Сантов“ – соопшти Голубинка Георгиева од Одделението за јавни дејности во Општина Кочани.
Курсот што го организира Општина Кочани е бесплатен и ќе трае до 22 март.