По повод 33. манифестација „Денови на кочанскиот ориз“ што ќе се одржи од 26 до 29 септември, Општина Кочани планира да организира Избор на жетварска убавица – уметнички перформанс.

Со цел да ја промовира убавината и улогата на жената во традицијата на оризопроизводството, Општина Кочани ќе обезбеди високи награди за жетварската убавица и двете придружнички.

На јавниот повик може да пројават интерес девојки од општина Кочани на возраст од 15 до 20 години, кои ги исполнуваат критериумите од повикот.

Пријавувањето трае до понеделник, 19 август 2024 година.

Според интересот за учество во уметничкиот перформанс, ќе биде организирана и манифестацијата, а победничките во изборот ќе бидат дел од севкупната манифестација „Денови на кочанскиот ориз“.

Пријавувањето на е-адресите: info@kocani.gov.mk, i.karova@kocani.gov.mk или на телефоните: 033/274-001 и 076 210 530, кај Ивана Карова Коцева.