Општина Кочани започна со акцијата за засадување на високо квалитетни повеќегодишни садници во централните делови на градот.

Во текот на месецот беа засадени стотина садници, а денеска дваесеттина од видот Robinia pseudoacacia „Umbraculifera“ во централните градски делови.

Општина Кочани ќе проложи и во наредниот период со ваквите активности за разеленување кои се од корист за животната средина и амбиенталниот воздух. Воедно се апелира до граѓаните грижливо да се однесуваат кон новите садници и животната средина.