По тој повод во ЈОУ Библиотека „Искра“ беше организирана средба со членови на Спортската асоцијација „Бочија“ – клуб „Зоја“ од Кочани, пред кои, ученици од ОУ „Никола Карев“ под менторство на Анкица Манасиева ја прикажаа драмската адаптација на текстот на Ана Дедова „Непослушната Свиленка“.
Нагласувајќи ја потребата од промена на перспективите кон попреченоста, градоначалникот Љупчо Папазов на лицата со попреченост им врачи подароци, а на СОУ „Гошо Викентиев“ му го додели ваучерот од собраните средства од минатогодишната хуманитарна акција за набавка на скалишно помагало во ова училиште.
Градоначалникот го посети и Дневниот центар за лица со попреченост, работна единица на Центарот за социјални работи во Кочани, каде што присуствуваше на работилницата што претставници од Општинската организација на Црвен крст ја одржуваа со лицата со интелектуална попреченост згрижени во овој центар.