Доколку на јавниот конкурс не се пријават студенти од ромската етничка заедница, студенти кои се лица со попреченост и лица со ретки болести, студенти запишани на факултети за медицински науки или нивните пријави се оценети како неприфатливи, стипендиите распределени за овие категории, може да бидат доделени на студенти од социјално загрозени семејства пријавени по јавниот конкурс, кои ги исполнуваат условите за доделување стипендија, според редоследот на рангирање по бодови согласно изготвената ранг-листа.
Месечниот износ на општинската студентска стипендија е 3.500 денари, а се доделува десет месеци.
Пријавата и потребните документи се поднесуваат до Едношалтерската канцеларија на Општина Кочани или по пошта на адреса: Општина Кочани, ул. „Раде Кратовче“ бр. 1, Кочани, најдоцна до 15 ноември 2024 г.
Условите, критериумите за доделување на стипендиите, начинот и обрасците за пријавување се објавени на веб-страницата на Општина Кочани, kocani.gov.mk и на огласната табла пред општинската зграда.