Општина Кочани и ОУ „Свети Кирил и Методиј“ денеска беа домаќини на манифестацијата Олимписки ден што се организира традиционално со цел да се шири олимпизмот меѓу младите генерации.
Делегацијата од Македонскиот олимписки комитет предводена од претседателот Даниел Димевски беше примена од градоначалникот на Општина Кочани Љупчо Папазов, а во ОУ „Св. Кирил и Методиј“ беа доделени награди за најуспешните ликовни и литературни творби изработени со олимписки мотиви.
Во преполната Спортска сала „Сашо Лазарев-Чапо“ беа организирани мали олимписки игри, кои наидоа на одличен прием кај публиката.