Сите заинтересирани граѓани можат да се попишат со лична карта во канцелариите на Пописната комисија.
Канцеларијата за попишување за Општина Кочани се наоѓа на улицата „Љупчо Сантов“ (Венчалната сала на Градскиот плоштад), а попишувањето ќе трае во периодот од 8 до 20 ч. Лица за контакт се: Ивица Китанов (078/354-150) и Магдалена Филипова (076/604-080).
Канцеларијата за попишување за Општинa Чешиново-Облешево се наоѓа на улицата „Маршал Тито“ бр. 17 (во просториите на Општина Чешиново-Облешево), а попишувањето ќе одвива од 8 до 14 ч. Лице за контакт е Ана Стојанова (078/493-403).
Канцеларијата за попишување за Општинa Зрновци се наоѓа на улицата „Илинденска“ бб, (во просториите на Општина Зрновци), а попишувањето ќе одвива од 11 до 18 ч. Лице за контакт е Сара Николова (075/321-020).