Од 17 до 19 јуни (среда, четврток и петок), на подрачјето на Кочани ќе се спроведе  ларвицидно и превентивно терестичко, односно прскање од земја за заштита од комарци.

Ларвицидниот третман ќе се изврши в среда, а терестичкото на 18 и 19 јуни во доцните вечерни, односно раните утрински часови.

Со ларвицидното прскање ќе се опфати површина од 6 хектари, а со втората фаза од дезинсекцијата со која ќе бидат опфатени 300 хектари  од градското подрачје на Кочани и селата: Тркање, Мојанци, Горни и Долни Подлог, Грдовци, Прибачево и Оризари.

За третманот против комарците ќе се користи широкоспектарен водорастворлив инсектицид за третирање комарци, одобрен од Бирото за лекови.

Граѓаните што одгледуваат пчели потребно е да ги преземат потребните заштитни мерки за време и по третирањето на подрачјето.

Прскањето ќе го врши екипа од Центарот за јавно здравје – Кочани.

Во случај на ветар, дожд и други неповолни временски услови, дезинсекцијата ќе се одложи за следен поволен период.