В среда, 1 јули, во 19 ч., на теренот во ООУ „Никола Карев“ ќе се одигра првиот натпревар од овогодишниот Петровденски турнир во мал фудбал.

Претставници на ОФС – Кочани, како директни реализатори на турнирот што го организира Општина Кочани, со ждребување ги утврдија двете групи од пријавените девет екипи.

Натпреварите ќе се играат по правилата за футсал, со почеток од 19 и 20 ч. Доколку временските услови не дозволуваат игра надвор, ќе се игра во салата „Кочански ангели“. Слободни денови ќе бидат 9 и 11 јули.

На Петровденскиот турнир во мал фудбал ќе се избира најдобар играч, стрелец и голман, а најдобрите три екипи ќе добијат награди во износ од 60 илјади, 30 илјади и 15 илјади денари.