В саботата, 13.08.2022 година на Пониква, Осоговските Планини се одржа 14. Републички собир на пензионери на Македонија во организација на Здружението на пензионери на Кочани.
Имено, овој пензионерски собир е традиционална манифестација којaшто секоја година собира повеќе од илјада пензионери ширум државата.
На собирот свое обраќање имаа градоначалникот на Општина Кочани, од Сојузот на здруженија на пензионери на Макеоднија и Здружението на пензионери на Општина Кочани.