Фолклорниот Ансамбл „Љупчо Сантов“ од Оризари, деновиве се врати од турнеа во Словенија, а членовите на ансамблот имаа можност да ги посетат Косово, Албанија, Црна Гора, Хрватска, Словенија, Австрија и Италија.
Со збратимениот ансамбл од Бијела, Херцег Нови на 16 и 17 февруари одржаа три концерти во Домовите за стари лица во Птуј и Марибор, Словенија. На 18 февруари ансамблите имаа настап на концертот по повод 30 годишнината од постоењето на МКД Илинден, Јесенице, Словенија.
Активностите на ансамблот на меѓународна сцена продолжуваат и овој викенд, 25 февруари со учество на годишниот концерт на КУД Медвеџа, Медвеџа, Трстеник, Србија.