Со цел да овозможи што поголема вклученост на граѓаните во креирањето на Буџетот за идната година, синоќа во Салата на Советот на Општина Кочани се одржа јавна расправа по нацрт-буџетот за 2019 година.

По презентирањето на нацрт-буџетот и на планираните инфраструктурни проекти за идната година, граѓани, претставници на урбани, месни заедници и на здруженија се вклучија во дебатата по актуелни прашања и потреби од јавен интерес од локално значење.

На расправата се разговараше и за решавање на проблемите со јавниот паркинг, за локација на катна гаража во централното градско подрачје, за нови парковски решенија, како и за дислокација на Градскиот пазар