Одделението за јавни дејности, ги врши работите што се однесуваат на:
-основање, финансирање и администрирање на основните и средните училишта во согласност со закон;
– следење на на состојбата во областите на културата, спортот, социјална заштита, и здравството;
– следење на состојбите во делот на прашањата, проблемите и потребите на етничките заедници и предлага мерки и активности за нивно разрешување, во рамките на надлежностите кои Општината задолжително ги извршува;
– давање мислење и анализа на програмите, извештаите и други акти на училиштата, пред усвојувањето во Советот;
-ја следи работата на училишните одбори и постапката за избор на директори на училиштата;
– организира превоз и исхрана на учениците;
– институционална поддршка на културните установи и проекти;
– изготвување проекти и програми за организирање културни манифестации;
– следење на културните манифестации во општината;
– развој на масовниот спорт и рекреативните активности;
– организирање спортски активности и манифестации;
– поддршка на спортски сојузи;
– следење на состојбата во областите на образованието (претшколско,основно и средно), културата, спортот, здравството, социјалната заштита и заштита на децата во рамките на законските надлежности;
-следење на прописите и давање мислење од овие области, предлага мерки и активности што треба локалната власт да ги преземе;
– други работи што ќе бидат ставени во негова надлежност со акт на Советот или Градоначалникот на Општината.