Одделението за уредување на градежно земјиште, ги врши следните работи:
– организирање на вршењето на работите на уредување и одржување на градежно земјиште;
– изработување предлог-програма за уредување на градежно земјиште и целокупната потребна документација за спроведување на програмата;
– иницирање постапка за разрешување на имотно-правни работи со цел за уредување на градежно земјиште;
– организирање и програмирање на инвестициско-техничката документација и водење комплетни инвеститорски работи за уредување на градежно земјиште;
– изготвување договори за уредување на градежно земјиште;
– вршење стручен надзор над објектите, уредите и инсталациите;
– вршење пресметка на надоместоците од уредувањето и одржувањето на градежно земјиште;
– вршење работи што се однесуваат на следење на состојбите и организирање изградба, реконструкција и одржување на локални патишта и улици;
– други работи што ќе му бидат доверени согласно законите и други прописи односно од страна на Советот и Градоначалникот на Општината.