Одделението за урбанизам и заштита на животната средина, ги врши работите што се однесуваат на:
– следење на состојбата во областа на урбанизмот на подрачјето на општината и покренува иницијативи и предлози за донесување или изменување на детални урбанистички планови;
– прибирање и стручно обработување на барањата и иницијативите од физички и правни лица за измена на детални урбанистички планови;
– подготвување на документацијата и информациите, како основа за покренување постапка за изработка, донесување или изменување на детални урбанистички планови на општината;
– урбанистичко (урбано и рурално) планирање;
– издавање на одобрение за градење објекти од локално значење утврдени со закон;
– уредување на просторот;
– следење и проучување на прописите од областа на урбанизмот;
– следење на состојбите сврзани со работите за заштитата и унапредувањето на животната средина и природата;
-преземање и предлагање мерки за заштита и спречување од загадување на водата, воздухот, земјиштето, цивилна и друг вид заштита и
– вршење и други работи што ќе му бидат доверени во надлежност согласно законите и други прописи, како и од страна на Советот и Градоначалникот на Општината.