Одделението за спроведување постапка за располагање на градежно земјиште, ги врши следните работи:
– изготвување предлог-програма за работа во областа на располагањето со градежно земјиште во сопственост на Република Македонија на подрачјето на општина Кочани, што ја донесува Советот на Општина Кочани;
– подготовување договори и целокупната документација потребна за спроведување на постапка за отуѓување, давање под долготраен и краткотраен закуп и со непосредна спогодба на градежно земјиште на подрачјето на општина Кочани;
– спроведување постапка за дооформување градежни парцели;
– подготвување на документацијата за размена на градежно земјиште на подрачјето на општина Кочани;
– подготвување документација за поставување урбана опрема;
– други работи што ќе му бидат доверени од страна на Советот и Градоначалникот на Општината.