Одделението за локален економски развој и прекугранична соработка, ги врши работите што се однесуваат на:
– локалниот економски развој;
– подготвување програми и проекти и предлагање мерки за поддршка на малите и средни претпријатија и претприемништвото на локално ниво;
– учествување во воспоставување и развој на мрежа на институции и агенции и промовирање на партнерство;
– остварување соработка со меѓународни организации, невладини, хуманитарни и други организации;
– изготвување на проекти и информации за проекти за аплицирање пред домашни институции и меѓународни организации и асоцијации со цел за добивање на средства во функција на развој на Општината;
– изготвување и извршување на планови за остварување и овозможување на услови за поддршка на туризмот, угостителството и занаетчиството;
– вршење и други работи работи што ќе му бидат доверени во надлежност согласно законите и други прописи, како и од страна на Советот и Градоначалникот на Општината.