Одделението за информатичка комуникациска технологија и гео информациони системи, ги врши работите што се однесуваат на:
– изработување и ажурирање на ГИС;
– вршење на работите на системското инженерство во делот на оперативниот систем, системот на управување со базите на податоците и апликативниот софтвер;
– спроведување мерки за безбедност и заштита на информативниот систем на Општината;
– спроведување постапки за заштита на податоците;
– поврзување нови корисници на компјутерско–комуникациската и ГИС мрежа;
– вршење надзор и одржување на базите на податоците;
– давање помош на корисниците на информациониот систем во работата со базите на податоците;
– вршење обука на кадрите на општинската администрација поврзани со информациониот систем;
– вршење и други работи работи што ќе му бидат доверени во надлежност согласно законите и други прописи, како и од страна на Советот и Градоначалникот на Општината.