Одделението за буџетска контрола, ги врши работите што се однесуваат на:
– вршење на контрола на извршувањето на буџетот, контрола на извршувањето на утврдените политики и оперативното управување (надзор над целокупниот процес на финансиското управување и контрола),
– следење на реализацијата на договорите за јавните набавки и спроведува ex ante и ex post финансиска контрола,
– вршење документирана контрола на комплетноста и исправноста на целокупната документација (фактури, порачки, испратници, работни налози, приемници и друго и нивна усогласеност со договорот за јавни набавки;),
изготвување на информации и извештаи за извршувањето на буџетот, следење и примена на законската регулатива (закони, подзаконски акти, прописи, стандарди, упатства) од областа на финансиското управување и контролаконтрола на расположливоста на планираните средства во буџетот/финансискиот план пред преземање на обврските,
– други работи што ќе му бидат дадени во надлежност, согласно законите и другите прописи.