Здружение „Грин.орг“
Кочани
Предмет: Одговор на барање добиено по е-пошта на адресата на Општина Кочани: info@kocani.gov.mk на 28.10.2024 г. од „Грин.орг“
Почитувани,
КЈП „Водовод“, со реорганизација на редовната чуварска служба, овозможува 24-часовно обезбедување на Градската депонија во Кочани.
На 25.7.2024 година по спроведената по стапка за јавно наддавање КЈП „Водовод“ склучи договор со Друштвото за производство, трговија и услуги „ЕМ Агрицом“ ДООЕЛ од Неготино за третирање на Градската депонија и заштита од пожари со алги и микроорганизми.
Исклучиво по завршувањето на активностите за нормализирање на состојбата на Градската депонија со помош на механизацијата на „Бехтел и Енка“ и доведување на ѓубриштето во состојба поволна за примена на природен третман на согорување, КЈП „Водовод“ ќе има можност да го повика економскиот оператор избран на тендер да ја спроведе договорената мерка што ќе го спречи натамошното аерозагадување со помош на природните препарати на база на алги и на микроорганизми.
Заради координација и наоѓање итни решенија за надминување на еколошкиот проблем, денеска, 30 октомври 2024 година, ќе одржиме состанок со градоначалниците на општините Виница, Зрновци и Чешиново-Облешево.
Почитувани,
Како граѓанско здружение коешто директно учествува во блокадата на патот кон Градската депонија, а во ситуација кога Општина Кочани обезбеди компанија што ќе го доведе ѓубриштето до можност за реализација на природниот третман, Општина Кочани бара да овозможите примена на заклучоците од последната седница на Советот на Општина Кочани, а со тоа што побрзо запирање на горењето и загадувањето од депонијата.
Со блокадата на патот едновремено придонесувате за создавање нов еколошки проблем – затрупување на градот во ѓубре и појава на епидемиски заболувања кај жителите на Кочани.
Со почит!
Љупчо Папазов,
Градоначалник на Општина Кочани
Кочани,
30.10.2024 г.