По повод Меѓународниот ден на литературата за деца, 2 Април, Библиотеката „Искра“ од Кочани, в петок на 31 март ќе го реализира проектот под наслов „Славење на меѓународниот ден на литературата за деца“.
Во 10 ч. во просториите на „Искра“ ќе се одржи средба на ученици со авторката Билјана С. Црвенковска и креативно-ликовна работилница на илустраторката Катерина Николовска со гостување на Александар Поповски – добитник на наградата „Ванчо Николески“ за 2016 г.
Во 11 ч. во салата на Мултикултурниот центар во Кочани ќе се одржи Фестивал на децата, книгите и музиката и ќе биде отворен продажен штанд на книгите за деца на издавачката куќа „Арс ламина“ од Скопје.