Митрополитот Брегалнички г. Иларион во сослужение со свештеници од храмот „Св. вмч. Георгиј“ од Кочани ги освети водите на Кочанска Река.

По традиција, одбележувајќи го големиот христијански празник Водици од Крушарскиот Мост беше потопен Светиот крст, по кој скокнаа 44-ца православни христијани.

Од водите на Кочанска Река крстот го извади Горан Зашов, кому градоначалникот Љупчо Папазов му подари златник, храмот „Св. вмч. Георгиј“ – Библија, а доби и други пригодни подароци.

Градоначалникот Папазов на Зашов и на верниците им го честита празникот и им посака добро здравје и благосостојба.