Средното општинско училиште „Гошо Викентиев“ денеска го одбележа патрониот празник.

По тој повод, свежо цвеќе на бистата на патронот положија делегации на Општина Кочани, училишна делегација, претставници на семејството Викентиеви и Сојузот на борците.

Денеска, на училишниот патронен празник беа прогласени и најдобрите ученици на генерацијата од сите три струки.

За ученик на генерацијата е прогласен Благоја Стојков, којшто истовремено е и најдобриот ученик од електротехничката струка. Од машинската струка за најдобар беше прогласен ученикот Даниел Манов, а од сообраќајната струка ученичката Јована Василова.

Од страна на директорот на училиштето беа доделени и благодарници на ученици за учество во воннаставни активности.