Кочанското основно училиште „Малина Попиванова“ денеска го одбележа патрониот празник.

Подготвената програма од страна на учениците, наставниците и вработените беше исполнета во училишната сала, пред присутните наставници и родители.

Градоначалникот на Општина Кочани, Љупчо Папазов и делегација од основното училиште со директорот, положија свежо цвеќе на бистата во училишниот двор и оддадоа почит на кочанската револуционерка, чие име го носи училиштето.