По повод 153-годишнината од раѓањето на македонскиот национален херој, организатор и водач на македонското револуционерно движење – Гоце Делчев, градоначалникот на Општина Кочани Љупчо Папазов и директорот на ОУ „Св. Кирил и Методиј“ Драган Трајчев со општински и училишни делегации, положија свежо цвеќе на бистата на Гоце Делчев во дворот на Подрачното училиште во Горни Подлог.

Годишнината од раѓањето на најголемиот македонски револуционер беше одбележана со стихови и со историски осврт во сеќавање на неговото дело.

Во програмата посветена на Гоце Делчев учествуваа наставници и ученици од Подрачното училиште во Подлог.