Врз основа на Билатерален договор бр.08-407 од 23.07.2015 год. склучен меѓу Владата на РМ и Владата на Швајцарската конфедерација за доделување на финансиска помош за Проектот „Третман на отпадни води во Кочани“ и отпочнување со реализација на истиот, КЈП „Водовод“ Кочани и Општина Кочани, објавуваат:
Оглас за пројава на интерес за вработување на стручни лица
I. Комуналното Јавно Претпријатие „Водовод“ Кочани и Општина Кочани, како одговорни органи за реализација на Проектот „Третман на отпадни води во Кочани“, согласно склучениот билатерален договор, должни се да воспостават Единица за спроведување на проектот (ЕСП) формирана за целите на овој проект во рамките на КЈП „Водовод“ Кочани.

Ваквата единица треба да биде составена од членови кои ќе поседуваат професионална стручност и способности за извршување на потребните задачи.

Поради тоа КЈП „Водовод“ Кочани и Општина Кочани објавуваат оглас за пројава на интерес за вработување на стручни лица за формирање на Единица за спроведување на проектот (ЕСП) за реализација на Проектот „Третман на отпадни води во Кочани“ со следниот профил на кадри:

1. Дипломиран Градежен инженер ………………………..извршител 1,

2. Дипломиран Технолог / Биохемичар ………………….извршител 1,

3. Дипломиран Геодетски инженер…………………………извршител 1,

4. Дипломиран Машински инженер…………………………извршител 1,

5. Дипломиран Електро инженер ……………………………извршител 1,

6. Технички секретар ……………………………………………..извршител 1.

II. Времетраењето на ангажманот на овие стручни лица ќе биде се додека трае реализацијата на проектот, со можност после реализацијата на проектот за трансформирање на работниот однос на неопределено време.

III. Кандидатите кои ќе се пријават на овој оглас, потребно е да ги поднесат следните документи:

– CV,

– Диплома за завршено образование (за технички секретар ВСС или ССС),

– Уверение (сертификат) за познавање на англиски јазик.

IV. Рокот за пријавување на овој оглас е 30(триесет) работни дена, сметано од денот на објавувањето на огласот.

Документите може да се достават во електронска форма на следната email адреса: office@vodovodkocani.com.mk

V. Лица за контакт:

1. Моника Коцев – тел. за контакт: 070/336-284, и

2. Венцо Бојков – тел. за контакт: 072/275-605.

VI. Со заинтересираните лица ќе се спроведе интервју.