Доколку на јавниот конкурс не се пријават студенти од ромската етничка заедница, студенти кои се лица со попреченост и лица со ретки болести, студенти запишани на факултети за медицински науки или нивните пријави се оценети како неприфатливи, стипендиите распределени за овие категории, градоначалникот може да ги додели на студентите од социјално загрозени семејства пријавени по јавниот конкурс кои ги исполнуваат условите за доделување стипендија, според редоследот на рангирање по бодови согласно изготвената ранг-листа.
Месечниот износ на општинската студентска стипендија е 3 илјади денари, а се доделува за десет месеци.
Како дефицитарни кадри за студиската 2023/2024 година, основ по кој кандидатите можат да добијат пет бода, се утврдени студентите на: Технолошки факултет, Архитектонски, Градежен, Машински факултет и Текстилно инженерство.
Пријавата и потребните документи се поднесуваат до Едношалтерската канцеларија на Општина Кочани или по пошта на адреса: Општина Кочани, ул. „Раде Кратовче“ бр. 1, Кочани, најдоцна до 16 ноември 2023 г. или електронски преку апликацијата мЗаедница.
Условите, критериумите за доделување на стипендиите, начинот и обрасците за пријавување се објавени на веб-страницата на Општина Кочани, kocani.gov.mk, како и на огласната табла пред општинската зграда.