ОБЈАВА
за отуѓување на градежно земјиште, сопственост на Република Северна Македонија
по пат на електронско јавно наддавање
ПРЕДМЕТ НА ЕЛЕКТРОНСКОТО ЈАВНО НАДДАВАЊЕ
Предмет на електронското јавно наддавање е градежно неизградено земјиште, сопственост на Република Северна Македонија, предвидено со Измена и дополна на Детален урбанистички план за град Кочани, донесен со Одлука бр.07-138 од 16.07.1998 година, Измена и дополнување на ДУП за дел од град Кочани, локалитет ,,Прокарка,, 2003-2008, донесен со Одлука бр.07-1250/1 од 26.12.2003 година со намена за изградба на објекти за индивидуално домување, Детален урбанистички план за град Кочани, донесен со Одлука бр.07-138 од 16.07.1998 година со намена за изградба на објекти за колективно домување и Измена и дополнување на ДУП за дел од град Кочани, локалитет ,,Прокарка,, Блок 5,6 и 10 Опфат “А” донесен со Одлука бр.07-244/1 од 28.01.2011 година, со намена за изградба на објекти големи трговски единици, согласно Табеларните прегледи во кои се дадени податоци за градежните парцели, за катастарските парцели кои се опфатени со градежните парцели, вкупна површина на градежната парцела, површина за градење, максимална висина до венец, процент на изграденост, коефициент на искористеност, бруто развиена површина за изградба, почетна цена по м2, вкупна почетна цена и банкарска гаранција за сериозност на понудата.