ОБЈАВА
за отуѓување на градежно земјиште, сопственост на Република Северна Македонија
по пат на електронско јавно наддавање
ПРЕДМЕТ НА ЕЛЕКТРОНСКОТО ЈАВНО НАДДАВАЊЕ
Предмет на електронското јавно наддавање е градежно неизградено земјиште, сопственост на Република Северна Македонија, предвидено со Детален урбанистички план за град Кочани и ДУП за градска четврт 9, за проект ,,Купи куќа за млади,, и ДУП за урбан модул В2 и В18, дел од УЕ9 со намена за изградба на објекти за индивидуално домување, Детален урбанистички план за град Кочани, со намена за изградба на објекти за лесна индустрија и мало стопанство и УПВНМ за спортско рекреативен центар ,,Пониква”, со намена за изградба на објекти за времено сместување, согласно Табеларни прегледи во кој се дадени податоци за градежните парцели, за катастарските парцели кои се опфатени со градежните парцели, вкупна површина на градежната парцела, површина за градење, максимална висина до венец, процент на изграденост коефициент на искористеност, бруто развиена површина за изградба, почетна цена по м2, вкупна почетна цена и банкарска гаранција за сериозност на понудата.