ПРЕДМЕТ НА ЕЛЕКТРОНСКОТО ЈАВНО НАДДАВАЊЕ
Предмет на електронското јавно наддавање е градежно неизградено земјиште, сопственост на Република Македонија, предвидено со Деталнитe урбанистички планoви за град Кочани и УПВНМ за спортско рекреативен центар ,,Пониква”, со намена за изградба на објекти за индивидуално домување, производство, дистрибуција и сервиси (лесна индустрија и мало стопанство), домување во стамбени згради и викенд куќи, согласно Табеларни прегледи во кој се дадени податоци за градежните парцели, за катастарските парцели кои се опфатени со градежните парцели, вкупна површина на градежната парцела, површина за градење, максимална висина до венец, процент на изграденост коефициент на искористеност, бруто развиена површина за изградба, почетна цена по м2, вкупна почетна цена и банкарска гаранција за сериозност на понудата.