Предмет на електронското јавно наддавање е градежно неизградено земјиште, сопственост на Република Северна Македонија, предвидено со  Измена и дополна на Детален урбанистички план за град Кочани, донесен со Одлука бр.07-138 од 16.07.1998 година и ДУП за градска четврт 9 за проект „Купи куќа за млади“, донесен со Одлука бр.09-2786/1 од 28.12.2018 година, со намена за изградба на објекти за индивидуално домување А1 и со намена за изградба на објекти за домување во станбени куќи- А1 со компатибилна класа на намена и максимален процент на учество на единечна класа на намена на основната класа на намена Б1(мали комерцијални и деловни намени) -10%, согласно Табеларнит преглед бр.1 и Детален урбанистички план за град Кочани, УЕ10, блок Г13, донесен со Одлука бр.07-1852/1 од 13.07.2012 година, со намена за изградба на објекти за лесна и незагадувачка индустрија -Г2 со компатибилна класа на намена и максимален процент на учество на единечна класа на намена на основната класа на намена Б1, Б2, Д2, Д3, Д4, Г3, Г4 и Е2 -30%, согласно Табеларнит преглед бр.2 во кои се дадени податоци за градежните парцели, за катастарските парцели кои се опфатени со градежните парцели, вкупна површина на градежната парцела, површина за градење, максимална висина до венец, процент на изграденост, коефициент на искористеност, бруто развиена површина за изградба, почетна цена по м2, вкупна почетна цена и банкарска гаранција за сериозност на понудата.

ЛИНК до објавата за отуѓување на градежно земјиште, сопственост на Република Северна Македонија по пат на електронско јавно наддавање