Врз основа на член 59 став 1 од Законот за користење и располагање со стварите на државните органи ( Сл.весник на Р.М бр.08/05,150/07, 35/11, 166/12, 137/13, 188/13, 27/14 и 180/14) и согласно извршената процена на вредноста на патничко моторно возило од ТП М3 ВЕШТАЧЕЊЕ И КОНСАЛТИНГ Трговец-поединец Марјанчо Миле Величковски-Скопје, Општина Кочани, објавува
ОБЈАВА бр.1/2015 на оглас за продажба на движни ствари- моторно возило-хаварисано по пат на електронско јавно наддавање(прв пат)
1. ПРЕДМЕТ НА ЕЛЕКТРОНСКОТО ЈАВНО НАДДАВАЊЕ
Предмет на електронското јавно наддавање е продажба на моторно возило на ОПШТИНА КОЧАНИ- ХАВАРИСАНО кое се продава согласно Одлуката за продажба на подвижна ствар,сопственост на Општина Кочани бр.09-698/1 од 13.3.2015 година„Сл.гласник на Општина Кочани“ бр.4/15.
Предмет на продажба е следното патничко моторно возило:
Вид Патничко моторно возило
Марка Volksvagen
Тип Passat
Регистарски број ST-508-PH
Број на шасија WVWZZZ3CZCP031080
Број на мотор CFF 968304
Боја Црна металик 20
Сила мотор во kw(KS) 103
Поминати километри 115.210
Година на производство 2011
Заинтересираните учесници можат да го видат возилото во Скопје, адреса: Булевар „Босна и Херцеговина“ бр.4., Лице за контакт : Елена Андонова тел: 02-2-603-768.
2. ПРАВО НА УЧЕСТВО
Право на учество на јавното наддавање имаат сите заинтересирани домашни и странски физички и правни лица кои можат да се стекнат со сопственост на движните ствари на територијата на Република Македонија согласно со закон и кои ги исполнуваат условите дадени во објавата.
3.УСЛОВИ ЗА УЧЕСТВО НА ЕЛЕКТРОНСКОТО ЈАВНО НАДДАВАЊЕ
Заинтересираните правни и физички лица поднесуваат Писмена пријава за учество на јавното наддавање, која може да се подигне од Општина Кочани или на web страната e-stvari.mk, во затворен плик со назнака,, НЕ ОТВАРАЈ,, и со назнака ,, ЗА ОБЈАВА ЗА ПРОДАЖБА НА ДВИЖНИ СТВАРИ БРОЈ 1/2015 ,, адресирана до Општина Кочани ул.„Раде Кратовче“ бр.1.
3.1 Понуда која содржи цена и начин на плаќање:
3.2. Пријава пополнета и потпишана лично од подносителот во која се наведени генералиите на понудувачот(Име и Презиме/Полн назив точна адреса, сметка на подносителот на пријавата на која треба да се врати уплатениот депозит доколку не биде избран за најповолен понудувач.
3.3 .Доказ за платен депозит (оригинал или фотокопија заверена на нотар)
3.4. Доказ за идентитет:
-лична карта или патна исправа за физички лица
-тековна состојба од Централен регистар на Р.М за домашни правни лица
-извод од регистрација од соодветен регистар за странски правни лица
3.5.Е-маил адреса на подносителот на пријавата, преку која ќе се врши постапка на регистрирање за учество на електронското јавно наддавање, односно ќе му бидат испратени корисничкото име и шифра за пристап на интернет страницата на која што ќе се одвива електронското јавно наддавање .
Пријавите кои не се комплетирани со овие докази нема да учествуваат на електронското јавно наддавање за што ќе бидат известени по електронски пат.
Објавата трае 10 (десет) дена почнувајќи од 3.4.2015 и ќе трае заклучно со 13.4.2015 година.
Јавното наддавање ќе се одржи електронски на следната интернет страница http://e-stvari.mk
Јавното наддавање ќе започне на ден 16.4.2015 година (четврток) со почеток во 11:00 часот и ќе трае до 11:30 часот.
3. РОК ЗА ДОСТАВУВАЊЕ НА ПРИЈАВИТЕ
Пријавите за учество на Јавното наддавање можат да се достават заклучно со 13.4.2015 година до 16:00 часот, на адреса ул.„Раде Кратовче“бр.1-Кочани.
4. ПОЧЕТНА ЦЕНА
Почетната цена за возилото изнесува 151.963,00 денари.
5. ДЕПОЗИТ
Депозитот за учество на јавното наддавање изнесува 5% од вкупната почетна цена за продажба.
Депозитот кој треба да се уплати изнесува 7.598,00 денари.
Со уплатениот депозит Понудувачот се стекнува со право на учество во јавното наддавање, за избор на најповолен понудувач за склучување на договор за купопродажба.
Депозитот се враќа во целост на учесниците кои не се избрани за најповолен понудувач, во рок од 15 дена од денот на одржување на јавното наддавање, а депозитот на најповолниот понудувач му се враќа намален за процент од 10% одреден за трошоците на постапката, во рок од 15 дена од денот на уплатата на вкупната сума постигната на јавното наддавање.
Депозитот се уплаќа на трезорска сметка 100000000063095, депозитна сметка 736014044469611, приходна шифра 725939 програма 00 депонент Народна банка на Р.М. со назнака,, депозит за моторно возило,,.
6. ПОСТАПКА
Јавното наддавање започнува со објавување на почетната цена на возилото и се спроведува по пат на наддавање од страна на учесниците.
Јавното наддавање ќе се одржи и доколку по Објавата се пријавил само еден учесник кој ги исполнува условите дадени во Објавата и ја наддаде почетната цена.
Минималниот чекор на зголемување на вредноста на моторното возило изнесува 1% од почетната цена на истото. Минималниот чекор за наддавање изнесува 1.520,00 денари.
Јавното наддавање се смета за завршено во моментот на истекот на времето определено во Објавата, при што доколку во истекот на последните две минути од определеното време на траење на јавното наддавање од страна на учесниците е дадена понуда, крајниот рок за завршување на јавното наддавање се продолжува за уште две минути, а ќе заврши кога за период од следните две минути нема нова дадена понуда.
Јавното наддавање продолжува неограничено се додека во временски интервал од две минути има нова понуда.
Комисијата по завршување на јавното наддавање изготвува записник за спроведеното јавно наддавање кој се доставува до сите учесници на јавното наддавање.
Учесниците имаат право на Приговор само по однос на постапката за јавно наддавање, во рок од три дена од одржувањето на јавното наддавање до Комисијата која одлучува во рок од 5 дена по приговорот со Решение.
За најповолен понудувач се смета учесникот на јавното наддавање кој понудил последна цена која претставува највисока цена за купување на моторното возило.
Најповолниот понудувач во рок од 15 дена од денот на завршување на постапката за јавно наддавање е должен да уплати средства согласно постигнатата крајна цена за возилото, и во рок од 5 работни дена по извршената уплата, се склучува Договор за продажба, во спротивно не му се враќа депозитот, и нема да се пристапи кон склучување на договор.
Обврската за трошоци за солемизација на Договорот паѓа на товар на купувачот.