Обуката ја следеа потенцијални даватели и корисници на социјални услуги во домот и претставници на Центарот за социјални работи, Центарот за вработување – Кочани, Црвен крст и на здруженија на лица со инвалидитет.
Присутните имаа можност да се запознаат со видот и начинот на давање и добивање на социјалните услуги во домот и законската рамка на работење.
Според Аника Илијевска-Ѓорѓиева, службеник за социјална, детска и здравствена заштита во Општина Кочани, целта на обуката е невработените лица да се запознаат со можноста за вработување како даватели на социјални услуги во домот, а ранливите категории – лицата со попреченост и стари лица – да добијат информации за нивните права и можности да примаат услуги во домот. Сето тоа е во прилог да се развиваат мрежите на социјални услуги во Кочани и во соседните општини.