По повод Новогодишните и Божиќните празници, градоначалникот на Општина Кочани, Љупчо Папазов упати честитка до граѓаните на Општина Кочани во која се вели:
Почитувани сограѓани,
Во пресрет на Новогодишните и Божиќните празници, во мое име и во име на општинската администрација на Општина Кочани, од сѐ срце Ви ги честитам претстојните празници со желби за добро здравје, просперитет, среќа и меѓусебна сплотеност.
Од годината која изминува зад нас да ги понесеме позитивните мигови, успеси и искуства. Да ги пречекаме новогодишните празници во мир и благосостојба, а Новата 2023 година да ни биде предизвик за ново докажување – стои во честитката од градоначалникот.