Денеска напладне, во Градскиот парк во Кочани, ОМУ „Ристо Јуруков“ го прикажа Новогодишниот концерт. Училишните хорови, во придружба на наставниците Дејан Стојанов, Зоран Христов и Љупчо Ѓорѓијев настапија со познати новогодишни теми.

Хоровите ги подготвија наставниците Виктор Постолов и Љупчо Ѓорѓијев. Диригент е проф. м-р Марија Лазарова.

Претпразнично, публиката ќе може да проследи уште две изведби на Новогодишниот концерт: в среда, 27 декември 2023 година, со почеток во 12 ч. и в четврток, 28 декември,  во 17 ч., во Градскиот парк во Кочани.