На улицата „Тодосија Паунов“ на пешачката зона, место на коешто е предвидено и засадување зелена површина, односно дрвја, се засадени низа дрвја кои го разубавија овој простор.

Имено, согласно Законот за урбано зеленило, за сечење дрвја во градежна парцела сопственост на физички и правни лица потребно е претходно да се поднесе барање до општината. По излегување на терен од страна на одговорните лица, се изготвува записник и потоа се издава решение за отстранување на зеленило до барателот.

Согласно издаденото решение за отстранување на зеленило на барателот, истиот е должен да изврши компензациско садење на дрвја.

Ваквиот правилник придонесува кон поздрава животна средина, почист град и подигање на свеста за посовесно однесување кон градското зеленило.