Во текот на изминатите недели заклучно со денешниот ден, извршено е пролетно разеленување на повеќе локации во градот. На дел од локациите станува збор за засадување нови садници, додека на дел се вршеше замена на постоечките исушени со нови садници.

Денеска се засадија нови 11 садници на локација во Трговскиот центар во Кочани, во делот на детскиот парк, како замена на претходно постоечките. При посетата и увидот од страна на градоначалникот на Општина Кочани и директорот на КЈП „Водовод“ на тековните пролетни разеленувања, најавија дека истите ќе продолжат и во наредните денови на нови локации.

Досега во изминатите недели во делот на урбаните градски средини, засадени се околу 100 повеќегодишни квалитетни садници.