Заради енормно зголемената цена на електрична енергија и зголемените сметки, настапија на сила повеќе мерки за справување со енергетската криза. Електричната енергија која на почетокот на 2022 година со цена од околу 100 EUR/MWh во моментот достигна цена од околу 400 EUR/MWh, а во текот на годината достигаше цена и од околу 800 EUR/MWh.
Во периодот до 2000 година, Општина Кочани со околните села располагаше со 900 светилки за јавно осветлување, додека во моментот општината заедно со околните села располага со 4.500 светилки.
Поради енергетската криза и големите сметки за струја, идниот период јавното осветлување во градот ќе работи со помал капацитет за 30%, пришто и ваквото функционирање нема да претставува проблем во јавното осветлување во градот.
Очекуваме разбирање од граѓаните поради спроведувањето на овие мерки, бидејќи енергетската криза не е присутна само во нашата општина, туку во целата држава и целиот свет.