Петнаесетгодишната Нина Лаковиќ, ученичка во СОУ „Љупчо Сантов“ ја понесе титулата жетварска убавица на изборот што се одржа на 1 октомври на Летната сцена во Центарот за култура „Бели мугри“ во Кочани.
Прва придружничка на жетварската убавица е Драгана Лукиќ, а втора е Сандра Арсова.
Годинава, за престижната титула се натпреваруваа 12 девојки на возраст од 16 до 19 години. Во перформансот по сценарио и режија на Марија Апостолова учесничките се претставија во современа и во стилизирана облека и во народна носија.
Комисијата што одлучуваше за изборот на трите најубави жетварки за 2015 година беше составена од стилист, фризер, претставник од општинската администрација, член на Советот на Општина Кочани, актер и претставник од делегациите – гости на годинашнава манифестација „Денови на кочанскиот ориз“.
На Изборот на жетварска убавица настапи оркестарот на од ОМУ „Ристо Јуруков“ и гостинката од Турција, Чидем Таштан.
Изборот на жетварска убавица како дел од манифестацијата „Денови на кочанскиот ориз“ се одржа по десетти пат. Досега за жетварски убавици биле прогласувани: Светлана Иванова (2006), Славица Дунгевска (2007), Виолета Миткова (2008), Стефани Соколова (2009), Ирина Постолова (2010), Анита Богатинова (2011), Сара Ангелова (2012), Моника Митева (2013) и Јулија Крстева (2014).