Невремето проследено со град, ветар, грмотевици и пороен дожд што во неделата, на 23 јули, зафати делови од општина Кочани предизвика штети на земјоделски насади во повеќе населени места.
Градоначалникот Љупчо Папазов денеска се сретна со земјоделски производители од Кочанско, кои известуваат за штети на површини под пипер, пченка и кај лозови насади.
По увидот на оштетени насади од страна на градоначалникот Папазов и на стручни служби, Општина Кочани упати известување до жителите кои имаат материјална штета, најдоцна до 9 август 2023 година да поднесат пријава за проценка на штета во Општина Кочани – Комисија за проценка на штети предизвикани од елементарни непогоди.
Пријавата за штета може да се подигне од Eдношалтерската канцеларија во Oпштина Кочани или да се преземе од веб-страницата на Општина Кочани, а пријавувањето може да биде и електронски, преку веб-страницата kocani.gov.mk.