В четврток, на 9 јуни 2022 година, со почеток во 9 часот, Советот на Општина Кочани ќе ја одржи тринаесеттата редовна седница, на чиј предлог-дневен ред се наоѓаат следниве точки:
- Информација за работењето на Општинската организација на Црвен крст – Кочани и Програма за работа за 2022 година
- Годишен план за вработување на ООУ „Никола Карев“ – Кочани за 2023 година
- Годишен план за вработување на СОУ „Љупчо Сантов“ – Кочани за 2023 година
- Информација за состојбата на општинската патна мрежа на подрачјето на општина Кочани
- Предлог-одлука за измена на распоред на средствата од Буџетот на Општина Кочани за 2022 година.
Седницата ќе се одржи во салата на Мултикултурниот центар.
