На 9 декември 2020 г. со почеток во 12 ч., пред манастирот „Петковден“ во селото Бели, Општина Кочани организира повторна јавна презентација по Урбанистичкиот план за селото Бели, КО Бели, за планскиот  период 2017 – 2027 г. Границата на планскиот опфат e опфатот на селото Бели, со површина од 44,29 ха. Јавната презентација ќе се одржи со почитување на сите мерки за заштита од  Ковид-19.

Повторната јавна анкета по Урбанистичкиот план за селото Бели ќе се спроведе во периодот од 9 до 16 декември 2020 год., во кој рок заинтересираните физички  и правни лица од конкретното подрачје опфатено со планот можат да достават забелешки и  предлози на анкетни листови. Листовите можат да се подигнат во Архивата во општинската зграда, во месната заедница с. Бели, од веб-страницата на Општина Кочани или во електронска форма преку информацискиот систем е-урбанизам. Во прилог на анкетните листови треба да се достави копија од катастарски план и имотен лист за парцелата за која се доставува забелешката.

Графичкиот прилог од  Урбанистичкиот  план за селото Бели е изложен  на Огласната  табла пред влезот на зградата на Општина Кочани, во Бели – кај автобуската постојка кај реката и  на веб-страницата на Општината: www.kocani.gov.mk. Детални информации во врска со Урбанистичкиот план  можат да се добијат во Одделението за урбанизам и заштита на животната средина, на првиот кат во општинската зграда.