В четврток, 8 август во вечерните часови (од 20 ч.), во Кочанско ќе се спроведе дезинсекциско третирање за заштита од комарци.

Во третата фаза од запрашувањето од земја ќе бидат опфатени 300 хектари во градот Кочани и во селата Тркање, Мојанци, Горни и Долни Подлог, Грдовци, Прибачево и Оризари. Третирањето ќе го изведе стручна екипа на „Лиса ком“ од Кавадарци со воднорастворлив широкоспектарен инсектицид одобрен од Бирото за лекови.

Доколку временските услови се неповолни (ветер, дожд) третирањето ќе се одложи за следниот поволен период.